КВАРТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – ПРОЕКТ АВАНТУРА СПОРТ

  1. НОЕМВРИ

Вклучени беа колективни спортови: кошарка, фудбал, ракомет и вежби за моторни активности во природа.

  • Кошарка: водење топка со лева и десна рака, двочекор, скок, шут, додавање.
  • Фудбал: жонглирање, додавање, вкрстување со играч, штопинг, удар на гол, волеј.
  • Ракомет: додавање, водење топка наизменично, шут на гол од позиција на бек, крило, пивот.
  • Вежби за кондиција, ориентација, брзина, стартност, агилност.
  •  ДЕКЕМВРИ

Спортски активности во затворен базен.

  • Пливање
  • Учење и усовршување на дисциплините: слободно, градно, грбно, делфин
  • Скокови во вода, стартови и свртувања.
  • ЈАНУАРИ

Скијање (ски камп Помпорово – Р. Бугарија)

  • Учење и усовршување на основните чекори во скијањето: држење рамнотежа, пренесување од една на друга нога, плуг, застанување.

Целта на овој Проект беше децата да се запознаат со вештините на сите спортови со што можам да заклучам дека нивната заинтересираност и напредок достигна едно завидно ниво.

Со нови сили и нови почетоци во следниот квартал.

Професор по спорт:

Маријана Кочовска